Криптовалутата Етереум прв пат надмина вредност од 3.000 долари

Криптовалутата Ethereum за прв пат ја надмина вредноста од 3.000 долари на неколку големи размени, вклучувајќи ги Бибит, Coinbase и BitMEX.

Вредноста на втората најголема крипто-валута во светот денес била околу 3.200 американски долари, што е зголемување за 11 проценти за еден ден, пишува РТ. На неделно ниво, вредноста на Ethereum се зголемила за 30 проценти и пораснала за четири пати од почетокот на годината.

Според вкупната пазарна капитализација, Ethereum, со 368 милијарди долари, ги надмина корпорациите како што се The Walt Disney Company, Nestle и Bank of America.

Коментарите се оневозможени од страна на уредникот.