Бразил го елиминираше Чиле, Жесус го нокаутираше Мена

Бразил-Перу е првата полу-финална двојка на Копа Америка. Перу во четврт-финалето, по изведувањето на пенали го победи Парагвај, додека Бразил со минимален резултат го победи Чиле, во натпревар кој го обележа крвничкиот старт на Габриел Жесус.

Фантастичен натпревар со шест гола и два црвени картони одиграа Перу и Парагвај. Првото полувреме го обележа напаѓачот на Парагвај Гомез. Постигна гол за 1:0, потоа го совлада својот голман за 1:1, а откако Лападула погоди за водство на Перу, тој во 47.минута доби црвен картон.

Со играч помалку Парагвајците израмнија преку Алонсо. На десет минути пред крајот Јотун им донесе нова предност на Перуанците. Неколку минути подцна тие останаа со играч помалку, Кабрал беше исклучен. Во 90.минута Авалос израмни на 3:3.

Во пенал серијата, Перуанците промашија два, а Парагвајците три пенали.

Бразилците против Чиле не блескаа, но успеаја да се пласираат во полу-финалето.

Единствениот гол го постигна Лукас Пакета. Играчот на Лион го совлада Клаудио Браво неколку минути по влегувањето на теренот. Мечот го обележа крвничкиот старт на Жесус врз Мена во 47.минута.

Бразилецот доби црвен картон, а Чиле потоа не успеа да ја искорсти предноста од играч повеќе на теренот.

Коментарите се оневозможени од страна на уредникот.