Венко Филипче: Вакцинирајте се што побрзо!

Министерот за здравство Венко Филипче повика на што поголема вакцинација.

„ Во Европа и светот веќе се воведуваат ограничувања, за невакцинираните граѓани. За влез во затворен јавен простор, пристап до угостителски, спортски или други услуги се бара задолжително приложување на вакцинален сертификат. Земјите веќе ги предупредуваат нивните граѓани да се вакцинираат како не би се соочиле со ограничувања за нормално функционирање. Упатувам апел до сите граѓани кои се уште не се вакцинирале да го направат тоа што побрзо.“ – напиша Филипче.

Во понеделник треба да стартува имунизацијата на околу 1800 деца.

Коментарите се оневозможени од страна на уредникот.