Едноставен, ефикасен и здрав напиток за слабеење

Доколку сте во потрага по едноставен, ефектен и здрав напиток за слабеење, ви предлагаме да испробате напиток од магдонос, грејпфрут и вода кој ги „топи“ килограмите.

Овој напиток го забрзува метаболизмот, го исфрла вишокот вода од организмот, ја подобрува циркулацијата и ги елиминира масните наслаги.

Неговата подготовка е лесна и треба да користите свежи листови од магдонос, а грејпфрутот пред користењето задолжително оставете го да отстои во вода со сода бикарбона, доколку сакате да го користите без да го излупите.

Потребни состојки:

– 20 листови магдонос
– еден црвен грејпфрут
– 1 литар вода

Подготовка:

Во 1 литар млака вода додајте 20 свежи листови магдонос, поклопете и оставете да отстојат во водата 10 минути. Потоа извадете го магдоносот и додајте еден цел цеден или ситно сецкан грејпфрут.

Како се пие?

Напитокот се консумира 10 дена по ред, по една чаша половина час пред секој оброк или 15 минути по тренинг, на празен стомак. По 10 дена, направете пауза од една недела, па продолжете да го консумирате напитокот 3 пати неделно. Овој напиток одлично го снабдува организмот со витамините Ц, А, Б и Е и е одличен антиоксидант, како и добра поддршка на имунолошкиот систем. По желба може да се додаде нане и лимета, во тек на конзумирањето на пијалокот.

Коментарите се оневозможени од страна на уредникот.