Лондон и Вембли се домаќини на завршницата на ЕУРО, полуфиналните натпревари ќе се играат во Англија но Италија а претходно и Данска со реакција, ова не е чесно, ќе играме без поддршка од нашите навивачи.
Роберто Манчини ги коментираше протоколите кои не дозволуваат навивачите од Италија па и на Шпанија да дојдат на Вембли, поради проблемот со „делта“ верзијата на коронавирусот, Велика Британија забрани влез на навивачи од трите земји кои се дел од полуфиналето (Италија, Данска и Шпанија).
„Ова не е чесно, требаше половина од Вембли да биде со наши навивачи, другата со навивачи од Шпанија“ – изјави Манчини.
Дуелот меѓу Шпанија и Италија на Вембли започнува од 21 часот.
Коментарите се оневозможени од страна на уредникот.