Прекрасен момент за сите, Кристијан Ериксен се појави во јавноста

Данскиот интернационалец Кристијан Ериксен, за прв пат по страшната несреќа која што му се случи за време на ЕУРО, односно на мечот против Финска во рамките од првото коло, се појави во јавноста.

Ериксен изгледа сосема нормално, и нема знаци дека има некакви последици од тоа што му се случи.

А секако, сите добро знаеме дека колабираше на сред терен и дека итно беше пренесен во болница. Му беше направена операција, и дека во моментов е во фаза на рехабилитација. Му беше вграден дефибрилатор, а во текот на месец јули тој ќе замине во Милано, на лекарски прегледи организирани од неговиот клуб, Интер. Не е исклучено, дефибрилаторот да му биде остранет и тој без проблем да ја продолжи неговата фудбалска кариера.

Коментарите се оневозможени од страна на уредникот.