Хамилтон го продолжи договорот со Мерцедес

Луис Хамилтон потпиша нов, две годишен договор со Мерцедес. Британецот во Мерцедес ќе остане најмалку до 2023 година. Мерцедес не ги објави финансиските детали од договорот.

„Не можам да поверувам дека веќе девет години соработувам со овој неверојатен тим. Возбуден сум што ја продолживме соработката. Многу работи веќе постигнавме заедно, но имаме уште многу работи пред нас. Горд сум и благодарен на начинот на кој Мерцедес ја поддржаа мојата желба да ја подобрам различноста и еднаквоста во нашиот спорт“, рекол Хамилтон.

Британецот, исто така, порачал дека следува нова ера за болидите која ќе биде полна со возбуда и предизвици.

Луис Хамилтон е возач на Мерцедес од 2013 година. Со овој тим освои шест од седумте шампионски титули во Формула 1.

Коментарите се оневозможени од страна на уредникот.