Ѓоковиќ ќе го собори рекордот на легендарната тенисерка Мартина Навратилова

Србинот Новак Ѓоковиќ ја започнува 330 недела на врвот на АТП списокот, со 12.113 бода е недопирлив за Медведев кој има 10.370 и Надал кој е трет со 8.270.

Пред Ѓоковиќ сè уште две рутински недели за да го стигне рекордот на легендарната Мартина Навратилова која со 332 недели на ВТА листата засега е втора во историјата, а за Србинот секако предизвик ќе биде засега недостижниот рекорд на Штефи Граф, Германката е рекордерка и број еден со 377 недели на врвот.

Коментарите се оневозможени од страна на уредникот.