Дали Bitcoin може повторно да ја сруши највисоката вредност?

Цената на биткоинот продолжува да расте секојдневно. Минатиот ден достигна вредност од 47.542 долари, што е пораст од 3,87 отсто во последните 24 часа.

Втората најпозната криптовалута, етереум, исто така е во пораст. Таа вчера достигна вредност од 3.304 долари, што според пишувањето на сајтот Сoindesk е пораст на вредноста од 3,68 отсто.

Ова не е највисоката цена на биткоинот во текот на оваа година, бидејќи на почетокот на годинава вредеше околу 64.000 долари и тогаш ја достигна највисоката граница досега.

Коментарите се оневозможени од страна на уредникот.