Меси за 35 милиони евра ќе ги брани боите на ПСЖ

Лео Меси се согласил на трансфер во Пари Сен-Жермен, неколку дена по шокантната вест дека си заминува од Барселона, објавија најпознатите европски фудбалски новинари Гилјем Балаге и Фабрицио Романо.

Тој ќе потпише двегодишен договор, со можност за негово продолжување за уште една сезона, а годишно ќе заработува 35 милиони евра, плус бонуси. Неговото доаѓање во Париз се очекува во наредните часови, при што прво ќе оди на лекарски преглед. ПСЖ наводно ја изнајмил Ајфеловата кула за официјалната промоција.

Меси во неделата низ солзи потврди дека ја напушта Барселона по поминати цели 21 години во клубот.

„Предложив да ми ја намалат платата за 50%, но клубот има огромен долг и не беше возможно да останам“, изјави Меси.

Коментарите се оневозможени од страна на уредникот.