Кинеските берзи во пад. Азиските инвеститори претпазливи

На повеќето азиски берзи се тргуваа претпазливо во четвртокот, додека кинеските берзански индекси нагло паднаа бидејќи инвеститорите стравуваат дека напорите на владата да го спречи ширењето на коронавирусот дополнително ќе го забават економскиот раст.

Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без Јапонија, околу 19 часот беше околу 0,5 отсто.

На токиската берза индексот Никеи зајакна за 0,9 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,3 и 0,5 отсто. Во Шангај, пак, падна за околу 1,5 отсто, а во Хонг Конг за 1,7 отсто.

Инвеститорите се загрижени за најголемиот бран на ширење на коронавирус во Кина откако се појави во 2020 година.

Политиката на кинеската влада за нулта толеранција и поврзаните строги рестриктивни мерки би можеле да го забават и онака бавниот раст на втората по големина економија во светот.

Кинеската централна банка неодамна вети поддршка за анемичниот услужен сектор, но инвеститорите не се сигурни каква ќе биде таа поддршка, бидејќи банката неодамна ги разочара бидејќи, и покрај сигналите, не ги намали каматните стапки за да ја поддржи економијата.

Коментарите се оневозможени од страна на уредникот.