Телевизиски дуел меѓу Макрон и Ле Пен

Двајцата претенденти за Елисејската палата се соочија еден наспроти друг во средата навечер за нивната втора дебата меѓу двата круга, првиот се случи пред пет години.

Дуел во кој кандидатката на екстремната десница не најде соодветен одговор на претседателот кој бара втор мандат, во размената каде прашањата поврзани со енергијата заземаа големо место, јави дописникот на МИА.

Во првиот круг на изборите во Франција, Макрон и Ле Пен кандидати освоија најмногу гласови од граѓаните, па силите ќе ги одмерат во вториот круг закажан за в недела. Според анкетите, актуелниот претседател е фаворит за нов мандат.

Темите за кои се разговара се движат меѓу економијата, безбедноста, војната во Украина и надворешната политика на ЕУ.

Коментарите се оневозможени од страна на уредникот.