Bifacial стакло-стакло PV модул со моќност од 540 W

Sharp презентираше нов bifacial монокристален PV модул со моќност од 540 W, од типот NB-JD540. Новиот модул е одличен за монтажа на фотонапонски електрани на земја.

Со своите 540 W, новиот NB-JD540 нуди низок LCOE. Зависно до локациите на електраната, bifacial технологијата според која е изведен, може да ја зголеми излезната моќност за 25%. NB-JD540 има ефикасност од 20.9%, и има 144 М10 полуќелии. Модулот е погоден за напон од 1500 V. Назад на стаклото има можност да ја зголеми апсорпцијата на светлина. Температурниот коефициент од -0.349%/°C овозможува производство на енергија и при повисоки амбиентални температури.

За да се избегне потенцијално индуцирана деградација (PID) на задната страна на модулот, се користи високо ефикасен слој во комбинација од EVA (ethylene vinyl acetate) и PEO (polyolefins). Модулот NB-JD540 користи 10-busbar технологија со жици во кружен пресек. Димензиите на NB-JD540 се 2278 x 1134 mm со 30 mm алуминиумска рамка. Предното и задното стакло се со дебелина од 2 mm. Тежината на модулот е 32.5 kg. Производителот дава гаранција од 15 години, додека векот на траење е 30 години.

Коментарите се оневозможени од страна на уредникот.