Работењето додека патувате стана секојдневие како последица на популарзацијата на работата на далечина и хибридниот начин на работа. Ако сакате еден работен ден надвор од канцеларија, Барселона е можеби идеална дестинација за тоа.
Компанијата IWG, која се занимава со пронаоѓање решенија за работа, спореди 26 градови ширум светот и ги оцени на скала од 1 до 10 за следните категории:
-култура
-клима
-среќа
-транспорт
-храна и пијалаци
-сместување
-брзина на интернет
-достапност на флексибилен работен простор
Барселона, позната по живата културна сцена и сончевите денови, се најде на врвот меѓу оние кои бараат совршен спој на работа и слободно време.
IWG спроведе анкета меѓу над 1.000 хибридни работници, која откри дека речиси 3 од 5 , односно 57% од испитаниците го продолжиле одморот работејќи од странство.
Истражувањето откри дека брзината на интернетот е клучна за дигиталните номади, што ги надминува трошоците на живот и временските прилики.
„Порастот на хибридната работа сега на работниците им овозможува да работат од каде што можат, да бидат најпродуктивни, дури и ако е тоа во странство. Ова е овозможено со со технологијата на облак, која бара стабилна високовалитетна интернет врска“ вели Роџерс.
Сингапур има најголема брзина на интернет (9), а следуваат Њујорк (8,5) и Хонгконг (8). Сингапур е раниран на 21. место на листата, со одлични резултати во други категории како шро се среќата и транспортот. Сингапур е и најголем финансиски центар во Азија.
Барселона и Торонто, двата најголеми градови, забележаа посебно добри резултати во брзината на интернетот и цените за сместување.
Ова е листата со топ 10 градови за работа на далечина:
1.Барселона
2.Торонто
3.Пекинг
4.Милано
5.Њујорк
6.Рио де Жанеиро
7.Амстердам
8.Париз
9.Џакарта
10.Лисабон