Како ќе знаете дека имате недостаток на витамин А!

Витамините се многу важни бидејќи, и ни помагаат да ја одржиме општата благосостојба.

Витаминот А е особено неопходен за одржување на здрави очи, добар вид и здрава кожа и помага во борбата против инфекциите, пренесува „WebMD“. Бидејќи човечкото тело не може само да произведува витамин А, мора да го вклучиме во нашата исхрана на други начини.

Доколку не внесуваме доволно витамин А во нашата исхрана, постои ризик да развиеме недостаток на овој есенцијален витамин, кој со текот на времето може да доведе до бројни здравствени проблеми, вклучувајќи проблеми со видот или намален имунитет. За среќа, благите форми на недостаток на витамин А може да се лекуваат без долготрајни проблеми.

Сериозниот недостаток е многу почест во земјите кои се соочуваат со предизвикувачки социоекономски услови, како и ограничен пристап до храна богата со витамин А. Но, како да препознаеме дека имаме недостаток на овој витамин? Помалку познати симптоми кои укажуваат на тоа се следниве:

– сува кожа

– суви и надразнети очи

– ноќно слепило

– тешкотии со зачнувањето

– заостанување во растот и развојот

– чести инфекции на грлото и градниот кош

– бавно зараснување на раните

– проблеми со кожата како мозолчиња или акни