Развиен извор на енергија кој ќе овозможи живот во вселената

Програмата “Artemis” на НАСА има за цел да направи човечка база на Месечината до 2030 година, а сега Универзитетот Бангор разви нуклеарни ќелии со големина на зрно афион, кои може да се користат за производство на енергија потребна за одржување на животот во вселената.

Професорот Симон Мидлебороу, вели дека работата била голем предизвик, но во исто време и забава. Месечината денес многумина ја гледаат како капија до Марс, затоа што се верува дека содржи многу вредни ресурси потребни за модерната технологија. Затоа токму Месечината може да послужи како отскочна даска за патувања на други планети.

Вселенската технолгија напредува со голема брзина, а BBC доби екслузивен пристап до лабораторија на Институтот за нуклеарна иднина. Тим од Универзитетот Бангор, кој е светски лидер во областа на горивата, работи во соработка со партнери како што се Rolls-Royce, Вселенската агенција на Велика Британија, НАСА и Американската Национална лабораторија Лос Аламос.

Професорот Мидлбороу вели дека тимот се надева дека целосно ќе го тестира нуклеарното гориво во наредните неколку месеци.На делови од Месечината температурата паѓа и до -248 степени затоа што нема атмосфера која би ја загреала површината.

Универзитетот Бангор е главниот играч во потрага по нов начин на производство на енергија и топлина, што е неопходно за одржување на животот на Земјата. Истражувачите својата мала ќелија наречена Trisofuel ја испратија до партнери на тестирање. Trisofuel би можела да се користи за напојување микро нуклеарни генератори кои ги произведува Rolls-Royce. Генераторот е преносен уред со големина на мал автомобил и може да се транспортира со ракета. Сега ќе биде целосно тестиран и изложен на сили слични на оние кои се јавуваат при лансирање во вселената, а се за да биде спремен за база на Месечината до 2030 година.

Научниците се надеваат дека микро генераторите ќе може да се користат и на Земјата, на пример во зони погодени од катастрофи кога ќе снема електрична енергија. Тимот работи и на нуклеарен систем за стартување ракети предводен од професорката Филис Макуруње.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.