Холограмска Зоолошка градина

Австралија направи голем чекор напред кога станува збор за рекреативните и едукативните посети на зоолошките градини. Jа имаat првата холограмска зоолошка градина во светот.

Оваа нова туристичка атракција се наоѓа во Brisbane и е дело на австралиската фирма „Аксиом холографикс“. Од фирмата најавиле и отворање на просторија која на гостите ќе им овозможи да лебдат во вселената без да ја напуштат Земјата.

Холограмската зоолошка градина нуди реалистични 3Д-фотографии од животни кои магично лебдат во воздухот. Посетителите може да видат над 50 холографски животни, меѓу кои и 25-метарски кит. Изложбите ги водат гостите на возбудливи патувања од афричките савани до студените предели на Арктикот. Преку времеплов може да се дружат и со диносауруси.

Креацијата на фирмата овозможува повеќе луѓе истовремено да уживаат во еден спектакл. Додадени се и ефекти како ветар, температура и мириси за искуството да биде пореалистично. Целата зоолошка градина се простира на површина од 1.500 квадратни метри.

Следете не и споделете ја нашата содржина:
fb-share-icon834

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.