Љубовта во вино сум ја зашила

Секој од нас носи по едно грозје во крвта.

Виното.

Јас го носам во себе си секоја вечер кога ќе ме нападне осаменост.

Јас го носам во себе си секоја вечер кога тој ми недостига.

Јас го носам на себе си секоја вечер кога ќе осетам дека раните почнале да ми се отвараат,

а јас немам сила да ги зашијам.

Уствари која прво да го зашијам?

Дали онаа дека се заљубив

или онаа дека тој човек што го љубев ме уби?

Е да, ме заљуби и ме уби.

И често знам да седам со часови

и да размислувам само за нас,

од детал до детал, од збор до збор,

се да си прераскажам.

И чудно никогаш не се изморувам.

Само продолжувам.

Е јас бев девојка вљубена во црвеното вино и во живот исполнет со него.

Епа да, во секој момент кога губев и тоа црвено вино знаеше да ми биде најдобар пријател.

Ќе ја споделев маката со него и барем за една ноќ ќе ја немаше болката.

И оваа ноќ наздравувам само за него!

Да го немаше тоа црвено вино досега болката ќе ми ја распрачеше душата.

Ама среќа, среќник сум била љубовта во вино сум ја зашила.

Автор: Викторија Стојовска

Интервју со Викторија Стојовска – Млада поетеса

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.