Бидејќи литиум-јонските батерии имаат голема густина на енергија и долг животен век, се користат во многу електронски гаџети, вклучувајќи ги и електричните автомобили. Сепак, како и секоја технологија, и тие имаат недостатоци.
Прегревањето е еден од најчестите проблеми кај овие батерии и може да доведе до експлозија. Тоа може да биде резултат на преполнување, на преголемо празнење, на дефекти при производството или на физичко оштетување на батеријата.
Истражувачи од Универзитетот Мериленд, кои ги истражуваат механизмите за дефекти на литиумските батерии, сега создадоа нова техника за развој на литиум-јонски батерии која ќе овозможи батериите за идните електрични возила и другите гаџети да складираат повеќе енергија и да не се прегреваат.
Новата иновација се состои од нов концепт за внатрешен слој, кој ќе го отвори патот до производство на функционални цврсти батерии во кои нема да се создаваат дендрити.
Професорот Чуншенг Ванг од Катедрата за хемиски и биомолекуларен инженеринг објасни дека иако развивањето план за надминување на недостатоците на сите цврсти батерии им одзело доста време, тој бил посветен на развојот на новите батерии и верува дека ќе придонесат за развој на електрични автомобили кои се побезбедни од сегашните, па дури побезбедни и од возилата со внатрешно согорување.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.