💜 Борци уште од првиот здив 💜

💜 Борци уште од првиот здив 💜

Светски ден на предвреме родените деца

– Ги слушаш ли откуцаите на тоа малечко срце? – ја праша докторката родилката.

Родилката така истоштена и немоќна, заплака додека го гледаше своето чедо низ стаклата на болницата…

– Плачи од среќа миличка – и рече докторката.

На овој свет донесе малечок борец, ти си мајка херој.

Види како силно се бори за секој воздивнат здив, а колку е малчеко. Велат дека Бог ги дава најтешките битки на најхрабрите борци, тоа малечко срце внатре е синоним за храброст, за борба, упорност и истрајност. Те гледам очите ти се полни со тага… Од мака ти се надвиснале веѓите… Некако функционираш, а знам дека душата ти крвари, но незнам кого сакаш да го прелажеш? Мене, малечкиот борец, или самата себе? Знам дека секој твој здив кога би можела би му го дала нему, но погледни тоа малечко срце чука, тоа малечко детенце дише преку белите дробови, храбро е, премногу е малечко но знае дека од оваа битка ќе излезе како борец, а кога ќе излезе надвор од оваа соба ќе го чека мајка со топла прегратка и неизмерна љубов. Мајка која цел живот ќе му биде потпора, мајка која ќе ги оствари сите негови желби и замисли, мајка на која срцето ќе и препукне од радост секогаш кога ова малечко ќе извика :,, Мамо” и уверена сум дека ќе се гордее што е дете на еден херој како што си ти, во очите на ова дете ти цел живот ќе бидеш херој, а тоа е храброст. Ќе бидеш херој кога во ноќите будна ќе бдееш над своето дете кога е болно, ќе бидеш херој во неговите очи кога ќе му го дадеш својот залак кога е гладно, ќе бидеш херој кога се во тебе се распаѓа, а ти ќе измамиш насмевка на лицето за ова малечко да не дознае дека душата ти е тажна, ќе бидеш херој кога беспоштедно ќе даваш парчиња од твоето срце за ова детенце да биде среќно и насмеано. Знаеш малечките борци зад себе имаат големи херои. Нивните мајки! Затоа и самите тие се борци, бидејќи се родени од најголемите херои!

Интервју со Викторија Стојовска – Млада поетеса

 

Следете не и споделете ја нашата содржина:
fb-share-icon834

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.