Бугарскиот министер Милков не се појави во Собранието да зборува за претепаниот охриѓанец Пендиков

Иако требаше да се појави пред пратениците во Народното собрание во Софија и да даде исказ за нападот на македонскиот државјанин Христијан Пендиков во Охрид, службениот министер за надворешни работи Николај Милков не се појави а оваа точка беше симната од дневен ред.

Милков за нападот на Пендиков зборуваше и пред колегите во Брисел, и барал нивна солидарност во однос на нападите на бугарските државјани во нашата држава, но по истото прашање не се појави во бугарското собрание.

Претходно натепаниот охриѓанец двапати го менувал својот исказ, првиот пат изјавил дека го претепале три лица, за потоа да изјави дека само едно лице извршило напад врз него.

Осомниченото лице се наоѓа во притвор, за другите две сеуште се води истрага и се собираат информации.

Следете не и споделете ја нашата содржина:
fb-share-icon834

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *