По забраната од страна на САД и Европската комисија и Канада ја забранува кинеската апликација за кратки видеа Тик-Ток, на уредите кои се издадени од страна на владата.
Владиниот портпарол соопшти дека одлуката следува по проценката на главниот директор за информации на Канада, а ТикТок е опишана како апликација која „претставува неприфатливо ниво на ризик за приватноста и безбедноста“.
Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека постои доволна загриженост за безбедноста околу апликацијата за да се бара промена.
Следете не и споделете ја нашата содржина: