Сопственикот на порталот „Доказ М“ Марјан Стаменковски пред судијата Марија Клетничка, се изјасни како невин за делата за кои се товари.
На ова рочиште кое се одвива зад затворени врати, сведочеа новинарит Валентина Вурмо и Ирена Мулачка, но за што конкретно сведочеа, останува непознато за јавноста.
Новинарката Мулачка за ТВ 24 изјавила дека во секој случај правдата ќе ја тера до крај.
Одбраната на Стаменковски по рочиштето, кое беше затворено за јавноста, кажа дека тој не бил виновен и очекува да биде ослободен бидејќи според него немало кривична одговорност во тоа што го пишувал на порталот.
Инаку Маријан Стаменковски се товари за уцена, ширење на ксенофобичен и расистички материјал по пат на компјутерски систем и злоупотреба на личните податоци.