Зар уште една вечност ќе ми треба за целосно да те заборавам?

Таблети љубов

ќе пијам секој ден на

празен желудник

За кога ноќе

сон не ми доаѓа да

не те побарам

И нема да мислам на тебе

се тешам и вечерва.

И нема да плачам по тебе

се бодрам себе си ноќва повторно.

Сакам веќе да не те сакам….

Ти не си виновен ниту што те сакам….

Ниту што ноќва душата ми гори….

Ниту поради тоа што раната не поминува без да боли…

Тоа е мој избор,

а секој избор има и последица.

Таа последица што мене ме најде

е болката на оваа љубов.

Но ако не боли тогаш НЕ Е ЉУБОВ!

Затоа знам се дури душата ме боли…

се уште те љубам.

А еден ден кога ќе го снема копнежот по тебе…

ќе те заборавам…

па ќе престане да боли…

Ќе се навикнам без тебе,

без твоите зборови кои ме ,,зграпчија”.

Ќе се навикнам дури

и без твојата насмевка.

Ќе заборавам се,

твоите бакнежи,

твоите прегратки,

твојот инат

твоите очи.

И ќе ме гушне ноќва

ветрот наместо тебе,

тој ќе ме милува.

И месечината изгрева

и небото се стемнува

а еве, се уште јас од тебе не

се излекував.

Зар уште една вечност ќе ми треба за целосно од тебе траги да избришам,

зар уште една вечност ќе ми треба за целосно да те заборавам?

Интервју со Викторија Стојовска – Млада поетеса

 

Следете не и споделете ја нашата содржина:
fb-share-icon834

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.